Skip to main content
Хроника

Кривична за 71-годишна охриѓанка за фалсификување евра

28/02/2025  18:31

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Х.(71) од Охрид поради постоење основи за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

– На 05.06.2024 на шалтер во подружница на банка во Охрид, пријавената извршила уплата на девизни средства, при што вработена во банката утврдила дека една банкнота со апоен од 100 евра била фалсификувана, соопштија од полицијата.