Skip to main content
Хроника

Кривична за 69-годишен битолчанец, дома чувал цел арсенал оружје

16/05/2025  15:50

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

реклама

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 15 пушки, шест пиштоли, два револвери, 363 парчиња муниција од различен калибар, различни делови од оружје и барут, соопштија од МВР.