
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ш.(26) од село Трубарево, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата.