Skip to main content
Хроника

Кривична за 25-годишен скопјанец, полицијата му пронајде дрога во повеќе наврати

28/01/2025  17:03

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Т.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што информираа од полицијата во текот на јуни и септември 2024 во Скопје, полициски службеници во неколку наврати на различни локации извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.