Skip to main content
Хроника

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

23/04/2025  11:51

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48) од Охрид поради постоење основи  на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.

Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев” во Охрид, За време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари.

По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека националната установа, претставувана од пријавениот, била оштетена за износ од 151.290 денари.