Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за претседател на Општински сојуз на спортови Куманово

25/12/2024  18:04

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.К.(41) од Куманово, претседател на Општински сојуз на спортови Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

MK Summit

Пријавениот доделените парични средства на Општинскиот сојуз од страна на Совет на Општина Куманово, не ги реализирал во нивниот целокупен износ, односно нереализираниот износ од 740.000 денари, не ја прикажал на Совет на Општина Куманово и самоволно 440.000 денари доделил на Ракометен клуб Куманово и 300.000 денари на Фудбалски клуб Студена вода-Доброшане.