Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за правно лице од Битола поради кражба на струја во износ од 9,3 милиони денари

08/04/2025  11:32

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П.(50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, казниво во чл.235-а од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.02.2024 до 17.01.2025, пријавеното правно лице се стекнало со противправна имотна корист од 9.300.955 денари на тој начин што второпријавениот, без согласност на соодветен оператор на системот, со премостување на мерната опрема, преземал електрична енергија без да ја плати.