Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за поранешна директорка на училиште во Куманово: Проневерила 130.000 денари

06/11/2025  14:51

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Пријавената, во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои и биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари.