
СВР Штип поднесе кривична пријава против 16-годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според пријавата, на 21 август 2025 година, во село Карбинци, општина Карбинци, пријавениот физички нападнал малолетник користејќи т.н. боксирач, при што му нанел тешки телесни повреди. Случајот е документиран, а против 16-годишникот ќе следува соодветен поднесок.