Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за две лица, предизвикале пожар на депонијата во Струга

06/09/2025  14:24

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар.

Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил изгаснат, а Е.В. и Ф.Н. се лишени од слобода.