
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење”.
Пријавениот со патничко возило им се доближувал на 21-годишна девојка од Тетово и нејзината мајка и ги снимал со мобилен телефон, а исто така и се јавувал и од различни броеви на девојката.
