Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за даночно затајување: Радовишанец затаил 32.885 евра

22/07/2025  17:12

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против С.К.(37) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во текот на 2024 година во Управата за јавни приходи, пријавениот не пријавил прилив на парични средства во износ од 32.885 евра, со што избегнал да плати персонален данок на доход во износ од 202.176 денари.