Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против З.Д.(44) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „криумчарење на мигранти’’.
Како што информира попладневи Министерството за внатрешни работи, на 22.01.2025 на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, пријавениот во патничко возило „цитроен” со кичевски регистарски ознаки, превезувал три лица мигранти, од кои две лица од Непал и едно од Индија.