
Полицијата поднесе кривична пријава против С.К. (72) од Штип, поради сомнение дека сторил кривични дела „убивање и мачење животни“.
Како што соопшти МВР, пријавениот на 14 април 2025 година, во село Долно Трогерци, штипско, во два наврати фрлал храна со отров, по што биле отруени две кучиња во сопственост на лице со иницијали Т.С.
Истиот човек, на 6 јули 2025 година, со патничко возило усмртил уште едно куче.
Полицијата собирала докази и документирала случајот, по што кривичната пријава е поднесена до надлежното обвинителство.