Skip to main content
Македонија

Кривична пријава е поднесена против маж од Ново Село кој врза дете и го снимаше со мобилен

10/07/2025  15:04

Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете” по член 201а од КЗ.

На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател. Тој насилството го снимил со мобилен телефон.

Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки, откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото.