Skip to main content
Македонија

Кривичен суд одреди куќен притвор и мерки за претпазливост за осомничените напаѓачи на Арсовска

12/07/2025  16:40

Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за едно лице вклучено во нападот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а за друго лице, кое и се заканувало, мерки за претпазливост.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзани со вчерашниот напад на градоначалникот на Градот Скопје, донесе решенија со кои: С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, а на второосомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т. 1,2,3 и 6 од ЗКП односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во судот, одземање на патната исправа и забрана за приближување и контактирање со одредени лица, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот наведуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Градоначалничката Арсовска била нападната вчера додека со колеги од Град Скопје правела увид на дивоградба во Општина Чаир.