Основниот Кривичен суд Скопје денеска донесе одлука по мислењето дадено од Јавното обвинителство за примена на Законот за амнестија за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.
„Барањето за примена на амнестија поднесена од обвинтетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се уважува. Се запира кривичната постапка против Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски поведена со обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 31.05.2019 година за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност од член 313 од Кривичниот закон“ изјави судијата.
Апелацискиот суд во април минатата година ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.