
Кристијан Ристески, внукот на легендата Тоше Проески, еден од синовите на неговата сестра Дора, веќе е возрасно момче кое многу наликува на неговиот славен вујко. Тој ретко објавува фотографии на социјалните мрежи од тоа каде е и што прави, но на последните објавени фотографии може да се забележи дека на својата рака направил тетоважа посветена на вујко Тоше.
Имено, на раката на Кристијан истетовиран е англискиот збор “Glide” (Лизгање) и мала птица која лета, што всушност е една од песните на Тоше од англискиот албум “The Hardest thing” (Најтешкото нешто).
Во песната Тоше пее за тоа како не се плаши да лета, па доколку падне повторно ќе се лизне долу на земјата, на место каде нема никој да го повредува.
Оваа песна и текстот веројатно е инспирација за Кристијан на убав начин да му оддаде почит на својот починат вујко.
(Н.Ј.)