Skip to main content
Свет

Кремљ: Путин и Алиев повторно разговараа за падот на азербејџанскиот авион

29/12/2024  14:56

Претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, денеска повторно телефонски разговараа за падот на азербејџанскиот авион кај Актау, соопшти Кремљ.

„Путин и Алиев денеска во телефонски разговор продолжија да разговараат за различни прашања во врска со падот на авионот на азербејџанската авиокомпанија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери разговараа и ден претходно за трагедијата со патничкиот авион и Путин му се извини на Алиев за тоа што авионската несреќа се случи на небото над Русија.