Skip to main content
Свет

Кремљ го објави денешниот термин на телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп

19/05/2025  12:29

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, утрово за време на разговор со новинарите изјави кога се очекува телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп денес.

„Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан за 17 часот по московско време, јави ТАСС.

„Секако, разговорот е важен, земајќи ги предвид разговорите одржани во Истанбул“, рече Песков, пренесе РИА Новости.

Тој додаде дека јавноста ќе биде информирана за деталите по разговорот.

Медиумите потсетуваат дека пред денешните разговори со Путин, Трамп вчера разговараше по телефон со лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, објави британската влада.