Skip to main content
Хроника

Кражба за Велигден – Ограбена куќа во Бутел

22/04/2025  13:32

На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информираа од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.