
Снимен крадец кој крадел пари од икони во црквата „Свети Никола“ во Катланово, а ТВ Стар објави видео од кражбата.
Дрзок крадец минатата недела ограбил црквата „Свети Никола“ во Катланово кај Скопје, а целата „операција“ била снимена од црковна камера.
На снимката се гледа како крадецот влегува сам, внимателно ги разгледува иконите и собира пари оставени од верниците за здравје, по што мирно ја напушта црквата.
