
Полицијата го приведе С.С.(23) од Битола кој се сомничи за три кражби на чанти во градот со употреба на сила.
„С.С. на крстосницата од улиците „Мирка Гинова “, „Ѓорги Наумов” и „Солунска“ од А.В. (27) од Битола со употреба на сила одзел чанта. Околу 15.30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска” и „Македонска фаланга” кон село Кравари, С.С. од С.К.(56) од с.Кравари со употреба на сила одзел чанта, а потоа на ул. „Партизанска“ и од Л.М.(57) од Битола одзел чанта и ја турнал на земја“, соопшти МВР.
Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Битола и С.С. е лишен од слобода. По документирање на настаните, ќе биде поднесена соодветна пријава.