Skip to main content
Хроника

Крадец фатен на дело – украденото го вратил на сопственикот

17/05/2025  10:12

На 17.05.2025 во 01.10 часот на ул.„Македонски Гемиџии” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.Б. од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба во плац на правно лице, по што украденото било вратено на сопственикот.

Лицето било задржано во Полициска станица Битола, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.