Skip to main content
Свет

Крадци во Словенија украле сеф тежок 300 килограми

10/12/2025  19:29

Крадци во градот Драгомер украле сеф од 300 килограми од приватен дом. Четворица од петте крадци се уапсени.

Сторителите се словенечки државјани од Ново Место, на возраст од 22 до 29 години. Грабежот се случил на 26 ноември, според порталот 24UR.

Сефот содржел неколку предмети со голема вредност, и дека крадците го деактивирале сензорското осветлување за време на грабежот и влегле во куќата низ прозорец на приземјето.

Содржината на сефот наводно била испразнета, а сефот бил запален и оставен во шумата во близина на Вишња Гора, скриен меѓу гранките. Петтиот сторител сè уште се бара.