Skip to main content
Хроника

Крадци од Радовиш уапсени во Неготино

18/02/2025  17:27

На 18.02.2025 во 04:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода С. А(45) и С. Д.(35), двајцата од Радовиш.

Тие се сомничат дека околу 03.30 часот се обиделе да извршат „тешка кражба“ во куќа во Неготино, а откако биле забележани од сопственикот со патничко возило „бмв“ со радовишки ознаки го напуштиле местото.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.