Skip to main content
Балкан

Ковачев: Македонците веќе се во ЕУ – 216.000 граѓани имаат бугарски пасоши

24/10/2025  19:57

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, се огласи на социјалните мрежи испраќајќи порака до неговите колеги во Македонија дека тие заедно со уште 216 000 македонски граѓани кои се бугарски државјани и се изјасниле дека имаат бугарско потекло-веќе се во ЕУ и не е проблем влез во ЕУ.

Ковачев наведува дека тажно е за оние граѓани кои се уште веруваат. Вели, од друга страна не забораваат да оддадат почит на српските и југословенски окупатори..

„На прв поглед изгледа шизофренички. Не сакаат да слушнат за внесувањето ан Бугарите во Уставот, а повеќето од нивните семејства имаат бугарско државјанство. Најважно е што државјанството е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест со која и најблиските се заведени како Бугари-мајка, татко, брат, сестра… Подготвени се да етикитираат „источен сосед“, „татари“, „бугарски фашистички окупатор“… во истовреме во џеб кријат бугарски пасош.“

извор:24.mk