Skip to main content
Скопје

Костовски до Оџата од Бутел 2: Треба да проповедаш за тоа што учи Исламот, а не да кажуваш да не се гласа за мене само затоа што сум Македонец

17/10/2025  16:59

Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2. 

Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека Aлбанците не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е Македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел)

Што ти пречи Оџа ?

Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца ?

Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада ?

Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода ?

Тоа што Визбегово доби ново училиште ?

Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра ?

Тоа што пред нова година ќе удриме камем темелник на нова поликлиника ?

И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај Aлбанците само затоа што се албанци ?

Еден куп Aлбанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик.

Да знаеш дека во недела, целиот народ меѓу кои и Албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување.

Народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца.