Skip to main content
Македонија

Костадинов: Владата на ВМРО-ДПМНЕ го блокира општинскиот превоз на ученици во Струмица

24/03/2025  15:25

Во екот на огромна тага и жалост, договорките ВЛАДА ВМРО ДПМНЕ-ЕВН за СИСТЕМСКИ обид за рушење на дигнитетот, авторитетот на општинските јавни претпријатија, денеска за долг од 2.000.000 денари верувале или не, ја исклучија струјата на ЈСП Струмица транспорт, пишува струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

„Во превод, немањето разбирање дека нашата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, за инает не само мене, туку и на цела Струмица ни должи 69.000.000 денари по основ поврат на ДДВ, доведува до ситуација владата да го блокира општинскиот превоз за учениците!

Овој срам во ова тешко време нема да дозволам да и го правите на Струмица. Системот и монополите ќе паднат!“ пишува Костадинов.