![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250210101754_big_730x400_99.webp)
Министерот за регионален развој на Косово во заминување и претседател на Демократската партија на Турците на Косово, Фикрим Дамка е уапсен во Призрен поради сомнение дека сторил кривично дело напад и закани, потврди призренската полиција.
„Полицијата интервјуираше осомничени и жртви и беа собрани други докази и сведочења“, рече портпаролот на регионалната полиција во Призрен, Шаќир Битиќи.
По разговорот, обвинителот нареди Дамка и уште еден член од неговото семејство да бидат задржани во полициски притвор до 48 часа.