Skip to main content
Балкан

Косово забрани увоз на кози и овци од Македонија

26/06/2025  13:00

Привремено е забранет увозот во Косово на живи овци и кози од Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во Македонија, соопшти денес косовската Агенција за храна и ветеринарство.

Косовската АХВ упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Македонија и да се избегнуваат контакти со животни од таа земја.

Син јазик е вирусна болест и најчувствителни на тој вирус се овците, по што следуваат козите и говедата. АХВ на Косово нагласува дека таа болест не се пренесува од животни на луѓе, ниту директно од животно на животно.