Skip to main content
Хроника

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица

03/10/2025  13:53

На 02.10.2025 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Пирок-Тетово, во с.Мала Речица, патничко возило „бмв” со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од с.Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.

Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.