Skip to main content
Спорт

Кошаркарите на ТФТ со „стотка“ го обезбедија четвртфиналето во АБА 2 лигата

04/02/2026  19:52

Кошаркарите на ТФТ попладнево како домаќин го совладаа тимот на Студент МТел со 107:79 (29:18; 21:14; 27.24 и 30:23) во дуелот од седмото коло од АБА 2 лигата и со тоа стигнаа до петтата победа со која обезбедија пласман во четвртфиналето.

Гостите поведоа со 7:0, но кошаркарите на ТФТ направија серија од 18-0 за водство кое го зголемуваа во текот на целиот натпревар. На полувреме македонскиот претставник имаше предност од 50:32. Во вториот дел тренерот Боро Смилковски им даде шанса на сите играчи, а единствено капитенот и највозрасен на теренот Едис Нури не се запиша во листата на стрелци. Најефикасен беше Виндел Гордон со 24 поени.

ТФТ со скор од 5 победи и 2 пораза се наоѓа на делба од третото до шестото место, додека вториот македонски претставник во ова натпреварување МЗТ Скопје Аеродром има биланс 4-3 (победи – порази).

Во последното коло од регуларниот дел ТФТ гостува кај Јахорина, додека МЗТ Скопје Аеродром ќе игра на теренот на Широки.