Skip to main content
Македонија

Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби

04/06/2025  15:27

Полицијата и Државниот пазарен и инспекторатот за труд извршија контрола во кумановски угостителски објекти, изречени се седум глоби за правни и физички лица кои работеле спротивно од Законот за угостителство и три од Државниот инспекторат за труд, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.

Контролата била спроведена претходната ноќ меѓу 20:00 до 4:00 часот на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово.

– При контролата, извршено е легитимирање на 15 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се седум глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се три глоби – соопшти полицијата.