Skip to main content
Хроника

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот и под дејство на алкохол

14/12/2025  12:07

На 13.12. и 14.12.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

При контролата, извршено е легитимирање на 74 лица, а во два објекта се затекнати малолетници после 24:00 часот. Притоа, во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила простортот , затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејстов на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство.

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.