Skip to main content
Хроника

Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот

01/12/2025  19:57

На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе.

При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.