Skip to main content
Спорт

Консеикао ќе го води Милан по заминувањето на Фонсека

30/12/2024  10:45

Португалецот Серхио Консеисао ќе стане главен тренер на Милан, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, 50-годишниот фудбалски стручњак ќе го води миланскиот клуб по заминувањето на Пауло Фонсека.

Детали за договорот се уште не се објавени.

Во јуни 2024 година, Консеисао го напушти Порто. Со португалскиот клуб освои 11 трофеи, од кои три во првенството и четири во Купот на Португалија.

Милан се наоѓа на осмото место во Серија А со 27 бодови.