Skip to main content
Свет

Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп

07/01/2025  11:01

Конгресот на САД синоќа ја потврди победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година против кандидатката на Демократската партија – актуелната потпретседателка Камала Харис.

Потврдата се случи во кратка официјална церемонија, без многу врева и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот.

Наспроти претходната сертификација на победникот на изборите во 2000 година, демократот Џо Бајден, што беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на Трамп во Капитолот на САД.

Завршната сертификација ги потврди прелиминарните резултати според кои Трамп доби 312 електорски гласови, наспроти 226 за неговата противкандидка Камала Харис.

Потврдата на резултатите од изборите беше спроведено во кратка официјална церемонија, без многу тревога и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Претходната сертификација на победата на изборите во 2000 година на демократот Џо Бајден беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на републиканецот Трамп во Капитолот на САД, како резултат на што загинаа пет лица, меѓу нив и еден полицец, а беа ранети уште стотина.

На вчерашната седница претседаваше Харис, која ја извршува функцијата потпретседателка и претседавачка на Сенатот.

Харис во краток говор го призна својот пораз, додека актуелниот претседател Џо Бајден ја нагласи важноста на мирниот процес на пренос на власта.

Републиканската партија сега е во мнозинство во Сенатот, и ма мала предност во Претставничкиот дом. Овие фактори му даваат на Трамп поголема слобода да ги спроведе своите програми за намалување на даноците и борба против нелегалната имиграција.

Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.