Skip to main content
Економија

Конфедерацијата на синдикати бара минималната плата да се зголеми на повеќе од 1800 денари

26/01/2025  19:16

Конфедерацијата на синдикати ќе бара повисока минимална плата од предвидената со закон. Според Марјан Ристески, 1800 денари не се доволни и бараат Владата и економско-социјалниот Совет да застанат на нивна страна во однос на зголемувањето на минималецот.

Според Ристески, на средбата што ќе ја имаат со Владата, ќе се разговара и за недела како неработен ден, а Конфедерацијата на синдикати остава простор овој ден да се искористи за активности кои и се неопходни на државата.

За зголемувањето на минималната плата, Ристески додаде дека економско-социјалниот Совет е местото каде што треба да се приложат сите барања и каде треба да се најде заеднички договор, ако не, како што рече Ристески, тогаш како конфедерација ќе одлучат што да се преземе во иднина.