Skip to main content
Балкан

Концертот на Јелена Карлеуша прекинат – пејачката евакуирана од специјалци

15/08/2025  23:24

Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша заврши предвреме откако дел од присутните граѓани упаднаа на настапот и почнаа да ѝ упатуваат погрдни зборови.

Според снимки и сведоштва од настанот, полицијата морала да интервенира и ја придружила пејачката до нејзиното возило, додека дел од публиката продолжил со навредите.

Атмосферата на местото станала напната, а настапот бил прекинат порано од планираното. Засега нема информации дали има приведени или повредени лица во инцидентот.

Јелена Карлеуша последниов период јавно го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ и упатува навреди кон студентите и граѓаните кои протестираат, што, според дел од коментарите, можело да влијае врз реакциите на дел од присутните на концертот.