Skip to main content
Музика

Концертите на Сергеј Ќетковиќ во Скопје ќе се одржат на 17 и 18 јуни

31/03/2025  17:20

Одложените концерти на црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ во Македонската филхармонија ќе се одржат на 17-ти и 18-ти јуни, со почеток во 20 часот, соопшти продукцијата „Евентум“.

Настапите, кои првично беа закажани за 21 и 23 март, беа одложени поради прогласените денови на жалост по трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица.

Организаторите потврдуваат дека сите купени билети остануваат важечки за новите датуми. Доколку некој од посетителите не е во можност да присуствува, може да поднесе барање за рефундација на средствата, најдоцна до 8 април. За повеќе информации, публиката може да се обрати до организаторите или на местото каде што билетите биле купени.