Skip to main content
Скопје

„Комунална хигиена“ Скопје отстрани обемна дива депонија во Ѓорче Петров

18/03/2026  11:24

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана на улицата Лихнида во скопската општина Ѓорче Петров. Во рамките на реализираните активности на посочената локација беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина.

Од почетокот на месецот март, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти вкупно 1260 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 280 кубни метри, се отстранети во општината Карпош. Воедно, беа подигнати и транспортирани  6250 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во сите скопски општини.