Skip to main content
Македонија

Комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

26/03/2025  08:40

Во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, денеска ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.

Сара загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде настапуваше со својот бенд ДНК, како придружен вокал.

Покрај Сара, во Кочани загинаа и членовите на ДНК – клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горѓи Горѓиев и пејачот Андреј Ѓорѓиевски.

Во пожарот во дискотеката во Кочани во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.