
Граѓаните повторно во голем број на Плоштад Македонија го започнаа денешниот протест на движењето “Кој е следен”, за барање на одговорност за трагедијата што се случи во Кочани.
Граѓаните и покрај дождот, со чадори дојдоа на протестот да го изразат своето незадоволство од системот во нашата земја, велат доста беше од неправди и бараат одговорност за пожарот во дискотеката “Пулс”.
Присутните носат и транспаренти, а на еден од нив пишува ” Колку жртви ви тежат џебовите?”.
Активистите можат да се видат со огромен транспарент на кој е напишано “Системот е следен!”, а според планот во 19 и 30 граѓаните треба да се придвижат најпрво кон Собранието, а потоа и кон Владата на Република Македонија за од нив да побараат одговорност.
Фото: Марио Андоновски