Skip to main content
Магазин

Колку калории просечно внесуваме за време на Божиќните празници?

26/12/2024  22:19

Секојa година си ветуваме себе си дека ќе внимаваме што јадеме за време на празниците, но често завршуваме уживајќи во секој залак без премногу да размислуваме за калориите. И тоа е сосема во ред – Божиќ е време за дружење, радост и добра храна. Дури и нутриционистите потврдуваат дека не е крај на светот ако за празниците малку се опуштиме.

Но, дали некогаш сте се запрашале колку калории всушност внесуваме на Божиќ? Според истражувањето спроведено од Wren Kitchens, просечна личност за време на тој ден консумира неверојатни 5373 калории. Тоа е двојно повеќе од препорачаната дневна количина за мажите и дури трипати повеќе од препорачаната количина за жени.

Ако ве изненади оваа бројка, не се грижете – Божиќ е посебен ден, а уживањето во вкусните деликатеси е дел од чари на празниците. Сепак, постои едноставен трик кој може да ви помогне да се почувствувате подобро по обилниот оброк – пиејте повеќе вода.

Како вода помага?

Според студијата објавена во Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism, испивањето на десет чаши вода дневно може да доведе до согорување на дополнителни 490 калории неделно. Водата не само што помага за хидратација, туку може да го забрза метаболизмот, да ја олесни дигестијата и да спречи прекумерно чувство на глад за време на богатите празнични оброци.

Ако сте се малку прејаделе за Божиќ, не се очајувајте. Со неколку чаши вода и умерена активност во следните денови брзо ќе се вратите во баланс. Празниците се тука за да уживаме, а неколку повеќе колачиња секогаш можете да ги „неутрализирате“ со добра прошетка или чаша вода.

Редакција Трн