
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С. (23), Р.Т. (22) и Б.Н. (25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, како и други дела поврзани со оружје и фалсификување.
При претрес кај првопријавениот, полицијата пронашла и одзела кокаин, марихуана, амфетамин, средства за провалување и различни предмети од тешки кражби, пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски и автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми за кои не поседувал соодветна дозвола.
Според пријавата, првопријавениот извршил механички интервенции на автоматските пиштоли со електрична брусилка во содејство со второ и третопријавениот, со намера да се стекнат со противправна имотна корист.
