
Движењето “Кој е следен” од понеделник 24 март на Плоштад Маледонија со почеток од 18:59, повикува на марш за одговорност и безбедност под мотото “Доста бевме ние, системот е следен”!
“До недела ќе молчиме. Но, од понеделник, тишината завршува. Од понеделник, се гледаме на улиците – гласни, бескомпромисни и обединети.
За да нема заборав и да нема повеќе загубени животи поради небезбедност и неодговорност!” пишува под повикот.