Skip to main content
Македонија

Коцевски во „Ноќно студио“: Како што „копавме“ по доказите, така излегуваа системските пропусти

16/03/2026  22:04

ОЈО Кочани има слаби услови и мал број на обвинители и дента и од тие обвинители што беа присутни таму дел не можеа да се вклучат затоа што еден обвинител имаше и повредени деца во пожарот, па затоа мораш да се направи тим на обвинители и од други градови, изјави за „Ноќно студио“ на 4TV поранешниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Коцевски додаде и дека целата истрага за случајот на површина ги извадиле сите системки слабости и пропусти кои се таложеле во изминатите години.

„Ти како обвинител во ваков случај не смееш да згрешиш. Не смееш да згрешиш со увидот, не смееш да згрешиш со сите други преземени дејства. Со неверување гледаш дека како што се собираат доказите така се гледаше колкава ерозија има на системот. Како копаш, копаш, системските пропусти само излегуваат и тоа делува разочарувачки но мора да ги преземеш сите дејствија. Она што почна да се утврдува од самите докази и она што ние го гледавме како професионалци, сето покажуваше дека навистина системот е ерозивен. Ваква трагедија не смее веќе да се случи. Дали од тоа ќе се извлече некоја поука ќе покаже времето, лично се надевам но не сум оптимист.“ рече Коцевски, додавајќи дека од собраните материјали за дел од обвинетите постојат докази и за други поситни кривични дела што само ја докажува порозноста на системот.

Потоа, тој се осврна и на условите за работа на обвинителите и трката со времето за кривичната пријава и обвинението да се поднесат согласно законските рокови.

„Со оглед на запретената казна и кривично дело, истрагата мораше да се затвори за помалку од три месеци и на барање на обвинителите јас го зголемував бројот на ангажирани обвинители затоа што бевме стеснети со рокови и самите обвинители работеа и сабота и недела и празник за да се заврши постапката во законскиот рок.

Презадоволен од сработеното, обвинителите работеа професионално не им се мешав во нивната работа, а имавме и лоши услови за работа, немавме автомобили да одиме во Кочани, па баравме возила од полицијата, немавме дактилографи па баравме дактилогафи од Штип и така натаму, но на крај успеавме да ја завршиме истрагата и да поднесеме обвинение“ порача Коцевски.