Skip to main content
Македонија

Кочани остана без дизел: Бензинските пумпи велат дека немаат залихи!

11/03/2026  18:28

Граѓаните на Кочани денеска се соочуваат со сериозен дефицит на дизел гориво. На трите клучни бензински станици во градот – една на „Макпетрол“ и две на „Лукоил“ – точењето на дизел е привремено прекинато поради исцрпување на резервите.

На самите објекти се истакнати известувања за потрошувачите на кои стои:, објави 4news.mk

„ИЗВЕСТУВАЊЕ: Екто дизел и Еуродизел БС на оваа бензинска станица нема залихи. Ќе започнеме со точење веднаш после достава на дериватите.“

Се очекува нормализација на состојбата штом пристигнат новите цистерни со гориво, иако засега нема официјална потврда за точното време на испорака.
Оваа ситуација предизвика загриженост кај локалните возачи и транспортни фирми, кои се принудени да бараат алтернативни решенија во соседните градови.