
На свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани.Утрово, 7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде Миха.
Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името Миха.
Првото новороденче во 2026 година во Кочани е тешко 3, 5 килограми и долго 53 сантиметри. Породувањето е поминато нормално, родилката се чуствува добро, вели спец. гинеколог акушер Илчо Атанасовски.
Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им традиционалние подароци и им посака добро здравје и многу среќа.

